Апелацискиот суд ја потврди пресудата за Вранишковски

 

Скопскиот Апелациски суд ја потврди пресудата на Основниот суд Скопје 1 за расчинетиот владика Јован Вранишковски и условните казни за неговите следбеници, меѓу кои и неговата мајка и сестра.

Според првостепената пресуда, Вранишковски беше осуден на казна затвор од три години за перење пари.

Апелацискиот суд ја одби жалбата на Вранишковски како неоснована. И за останатите обвинети следбеници на православната охридска архиепископија, меѓу кои и неговата мајка и сестра е потврдена казната од Основниот суд, односно се прогласени за виновни за истото дело перење пари за што добија условни затворски казни од две години.

Според обвинението, во периодот од 1998 до 2002 година Вранишковски и неговите соработници преку купување имот проневериле околу 240 илјади евра.

За овој случај Вранишковски одговараше и пред Велешкиот суд каде доби казна затвор од две и пол години.

17.07.2014 - 15:27
Фото: 
А1.он
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега