Апликација за мобилен: „Охридско лето“

 

Македонското студио за развој на мобилни апликации Codewell“ изработи нова апликација за „Охридско лето 2014“ за андроид и ИО7 платформите, достапна на App Store и Google play“.

Апликацијата „Охридско лето“ е достапна за сите заинтересирани, изработена на македонски и англиски јазик, со цел да се обезбедат информации објавени на веб-страницата на Охридско лето, неговата програма, вести, настани итн.

Апликацијата содржи четири категории: почетна, програма, Facebook  и категоријата „За нас”. Во првото мени е покажана почетната страница на фестивалот, со слика преклопник и  листа која ги покажува најновите вести во врска со фестивалот.

При кликање на елемент во листата се отвора веб прелистувач кој ги поврзува корисникот со веб-страница на фестивалот и ги покажува деталите за одбраната вест.

Следно мени е програмата што ги прикажува сите настани што ќе се одржат за време на фестивалот. Facebook - менито покажува листа со Facebook објави од профилот на фестивалот. Последното мени содржи информации за фестивалот и неговата историја. 

МИА

17.07.2014 - 14:27
Фото: 
правдико
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега