Каролина ја откажа летната турнеја по смртта на нејзиниот менаџер

Смеј ми се, смеј", летната концертна турнеја на Каролина Гочева е откажана! По ненадејната смрт на еден од нејзините менаџери од "Авалон", Даниел Милошески, продукцијата одлучи да ги откаже предвидените настапи во Битола, Охрид и Дојран. Влезниците може да се вратат во продажните места каде што се купени со приложување на фискалната сметка. 

"Оние кои купиле онлајн билети треба да испратат мејл на contact@kupikartizase.com со бројот на ваучерот и датумот на извршената трансакција", велат од "Купи карти за се".

Во рамки на летната турнеја Каролина требаше да одржи концерти во античките театри во Битола (24 и 26 јули) и Охрид (25 јули) и за првпат, во Дојран (Градски парк "Стар Дојран", 2 август). На концертите се очекуваше над 10.000 публика, а промоцијата на албумот "Македонско девојче 2" требаше да продолжи наесен со голем концерт во Скопје. 

17.07.2014 - 11:27
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега