Колку донираше Македонија за поплавените во Србија и БиХ?

Страотните поплави во Србија и Босна однесоа голем број животи и оставија траги кои никогаш нема да се избришат.

Македонија беше една од првите држави кои покрена акција за собирање средства за настраданите од поплавите. Во секој град беа организирани акции на кои секој еден граѓанин можеше да донира пари но и ќебиња, конзервирана храна, пелени, средства за хигиена.  Беа собрани 364 илјади евра во пари и средства и 982 тони добра. 

На 16 мај со одлукана нашата Влада, Директоратот за заштита испрати во Србија 15 спасувачи со опрема, генератори за електрична енергија, Министерството за одбрана испрати 50 офицери и пет генератори, а МВР хеликоптер со 15 спасувачи во Обреновац.

Речиси иста помош беше испратена и на БиХ, плус 300 ќебиња и лекови. Со одлука на македонската Влада на 23 мај, итна помош од 100.000 евра во средства беше дадена на Бих и Србија, за рехабилитација на последиците од поплавата.

17.07.2014 - 10:42
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега