Џафери во дводневна работна посета на Германија

Заменик претседателот на Владата за Рамковен договор Муса Џафери денеска и утре ќе престојува во работна посета на Германија.

Џафери во Берлин ќе има средба со Кристоф Хеусген, советник за надворешна политика на германската канцеларка Ангела Меркел, како и со државниот секретар во Министерството за надворешни работи на германската влада Маркус Едерер.

За време на посетата Џафери ќе се сретне и со претседателот на Институтот „Конрад Аденауер“ Ханс-Герт Петеринг.

17.07.2014 - 09:12
Фото: 
алсат
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа