Аплицирајте за да го замените Диме Спасов

 

Во владиниот оглас за раководни функции е додадено уште едно место, информира премиерот Никола Груевски. Станува збор за директорката функција во скопскиот Катастар за која се надева дека ќе има интерес.

- Од денеска е додадено уште едно место со оглед на тоа дека Диме Спасов вчера беше инаугуриран и прифатен од Парламентот за министер за труд и социјална политика. Тој го ослободи местото во скопскиот Катастар така што денеска додадовме уште едно место кое што се надевам ќе побуди интерес кај многу граѓани, нагласи Груевски. 

Денеска премиерот Груевски истакна дека интрересот за огласот што го објави Владата за раководни функции е над очекувањата. Досега, рече премиерот, се пристигнати околу 640 апликации, а се очекува нивниот број да се зголеми до крајниот рок.

ФОТО: МИА

најчитано сега