Какво ќе биде времето утре?

Времето утре претпладне во Македонија ќе биде сончево со мала облачност. Попладне облачноста ќе се зголеми и ќе има изолиран развој на нестабилност со пороен дожд, грмежи и повремено засилен северозападен ветер.

Температурата ќе се движи од 22 до 34 степени.

Во Скопје претпладне ќе биде сончево со мала облачност, а попладне облачноста ќе се зголеми и ќе има изолиран развој на нестабилност со пороен дожд, грмежи и повремено засилен северозападен ветер. Температура ќе достигне до 32 степени.

Во наредните денови во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи.

За време на викендот времето ќе се стабилизира, а дневните температури ќе бидат значително повисоки. 

16.07.2014 - 17:07
Фото: 
Скопје инфо
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега