Еве колку лозари пријавиле штети од невремето во Тиквешијата

Околу 150 лозари од Кавадаречко пријавија штети од невремето проследено со град што ја зафати Тиквешијата пред повеќе од еден месец, информираше денеска Трајче Грков, претседател на комисијата за лозарство при Советот на општина Кавадарци.

- Од невремето беа зафатени неколку микро локации во Кавадаречко од кои најголеми штети и до 90 проценти имаше во лозјата од бегнишкиот атар, околу месноста Љубаш и ваташкиот дел, соопшти Грков.

Тој додаде дека оштетените земјоделци очекуваат обештетување за штетите кои ги претрпеа од невремето.

16.07.2014 - 15:00
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа