Новотни: Психолозите нема да ги загрозат правата на жената за абортус
Со психолошкото советување предвидено и во новиот закон за прекин на бременоста на жената, меѓу другото, и се дава подршка, но и предупредување за состојбата по абортусот како што е самообвинување што може да се спречи, изјави денеска претседателот на здружението на психијатрите на Македонија Антоно Новотни, коментирајќи ги реакциите што ги предизвика законот.
- Потребата од психолошко советување се огледува од тоа што при донесување на ваква одлука секоја индивидуа е во специфична психолошка состојба кога треба да се одлучи за прекин на она што започнало, а тоа е креација на ново суштество, рече Новотни.
Ниту еден психолог, според него, нема да си дозволи да ги загрози правата на личноста или да ја загрози приватноста туку ќе се обиде низ еден скрининг да даде психолошка поткрепа и појаснување за последиците по психолошката состојба на жената.
- Од нашето искуство голем број на девојки и млади жени кои ја прекинуваат бременоста влегуваат во депресивни состојби. Превенцијата на депресијата кај жените во оваа специфична состојба треба да се гледа како позитивна порака, бидејќи не се загрозуваат личните права ниту пак се сугерира во нејзината конечна одлука за својата бременост туку напротив се дава психолошка поддршка, вели Новотни.
ФОТО: Курир