Починала на лице место - со автомобилот удриле во ѕид па летнале 30 метри во воздух

Уште една страотна сообраќајка ја потресе Србија. Млада девојка почина на лице место откако со автомобилот летала 30 метри. 

Според податоците на српскиот Курир, се работи за 25-годишната Милана З. која во саботата околу 21 часот загинала во автомобилот на 28-годишниот Дарко Л. Во Опел Астрата со нив се наоѓал и 43-годишен маж, кој сега е во болница каде лекарите се борат за неговиот живот.

Откако загубил контрола над возилото, Дарко Л. удрил во ѕид од куќа, а Милана која седела на задното седиште, излетала од автомобилот и летала 30 метри во воздухот. За жал, кога паднала на земјата починала на лице место.

Засега не се познати околностите во кои настанала несреќата.

 

16.07.2014 - 09:42
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега