Иванов до Меркел - регионалните примери на решавањето на спорови да важат и за нас
Македонскиот претседател Ѓорге Иванов побара од германската канцеларка Ангела Меркел паралелно решавање на спорот со името и почеток на преговори со Европската унија.
- Побарав од Меркел позитивното искуство во регионот да се примени и кај нас. Имаме два позитивни примери на паралелното движење на преговарањето и наоѓањето заедничко решение меѓу Словенија и Хрватска, како и паралелниот процес меѓу Белград и Приштина. Зошто тоа да не се примени и за Македонија, кога има можност на таков начин да се дојде до решение, изјави Иванов по завршувањето на состанокот на лидерите од „Брдо-Бриони процесот“ денеска во Дубровник.
Претседателот Иванов детално ја запознал германската канцеларка со статус кво состојбата на Македонија, која е блокирана и во ЕУ и во НАТО, како и со последиците кои се можни од статус кво состојбата.
– Укажав дека таа состојба не му одговара никому и оти мора да се вклучат и лично и тие со нивни заложби за да се дојде до некое решение.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа