Усвоен законот за геј браковите во Хрватска

Хрватска денеска доби Закон за животно партнерство на лица од ист пол, согласно кој хомосексуалните двојки ќе ги уживаат истите права, како и брачните партнери, освен правото на посвојување дете. 

Саборот го усвои Законот со 89 гласови „за“ и 16 „против“. Усвојувањето беше проследено со аплауз од галеријата, од каде седницата ја следеа активисти за права на ЛГТБ лицата. 

По усвојувањето на Законот, во Хрватска бракот, вонбрачната заедница, животното партнерство и неформалното животно партнерство законски се признати како заедници, кои го претставуваат семејниот живот, соопшти здружението Загреб Прајд и наведе дека семејниот живот на истополовите партнери отсега во Хрватска е заштитен со Уставот, Европската конвенција за човекови права и Уставниот суд. 

Законот ќе стапи во сила осмиот ден од објавување во Службен весник, а првата истополова венчавка, според проценките на Здружението, ќе може да се одржи кон средината на август.

15.07.2014 - 17:38
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега