Лидерот на ДУИ се сретна со германската амбасадорка
Претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети денеска оствари проштална средба со германската амбасадорка во Македонија Гудрун Штајнакер.
На средбата, како што информира ДУИ, Ахмети ја поздравил денешната изјава на германската канцеларка Ангела Меркел во Дубровник која, како што се наведува, ја истакнала поддршката на Германија за потребата за решавање на прашањето за името и пронаоѓање компромис со нашиот јужен сосед.
- Токму посветеноста на Германија и другите земји од ЕУ во соработка со Вашингтон, кон постигнувањето на компромис е од клучно значење за решавање на трајниот спор меѓу Македонија и Грција, истакнал Ахмети на средбата.
Соговорниците изразиле загриженост за протестите на кои беше манифестирано насилство.
Ахмети упатил честитка за победата на Германија на Светското првенство во Бразил.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа