Цеца ќе жари и пали во Охрид - продаден рекорден број влезници

 

По само неколку дена отворена продажба на влезниците за концертот на Цеца, организаторот објавува бројки од рекордно брзата продажба, со оглед на тоа дека за само неколку дена продадени се повеќе од 3.000 влезници по првичната цена од 500 денари.

Картите по оваа цена може да ги купите уште денеска, а веќе од утре ќе чинат 600 денари, се до 27 јули.

“5 минута”, “Да раскинем са њом”, “Добро сам прошла”, “Име и презиме” се песните кои што распродаваа концерти низ цела Европа, па така и во Охрид.  Почетокот на концертот е закажан за 21.30. И по барање на Цеца затоа што првпат пее во "македонскиот Ерусалим" не е ограничен на 2 часа. 

Билетите можете да ги најдете во продажната мрежа на Купи карти за се, Југотон, Камарад – Рамстор, Розе Веро 2, локалните кафулиња и киосци низ државата и на неколку продажни пултови во Охрид. Информации и резервации за влезници на телефонскиот број 078969998.

За сите оние кои што сакаат да стигнат во Охрид само за концерт, организаторот обезбеди и организиран превоз од Скопје, Битола, Прилеп, Кочани, Виница, Штип и Куманово.

15.07.2014 - 12:58
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега