Коронавирусот зема три нови жртви

Саудиска Арабија денеска соопшти за три нови смртни слуачи на заболени од коронавирусот, близок до причинителот на атипична пневмонија САРС.

Со ова вкупниот број на смртни случаи од новиот вирус на Блискоисточниот респираторен синдрим во светот достигна 30, од кои 21 се во Саудиска Арабија.

Слуачи на заболени од МЕРС беа регистрирани и во Велика Британија, Франција, Германија и Тунис. Сите заразени патувале на Блискиот Исток. 

најчитано сега