Никој не знае каде ќе го однесе животот: Како едно самоубиство направи голема кариера на Мануел Нојер?

 

Никој не знае каде ќе го однесе животот, судбината е навистина чудна и непредвидлива, а оваа приказна е доказ за тоа. Мануел Нојер во пресрет на Светското првенство во Јужна Африка во 2010-та година беше на списокот на Јоаким Лев, но сепак како трет голман. Неприкосновен на голот на Германците беше Роберт Енке, а негова прва замена беше надежниот Рене Адлер.

Нојер беше член на Шалке, имаше 24 години и секако според многумина беше голманска надеж на Германија, и иако тогаш изборот не падна на него, она што се случи неколку месеци пред Мундијалот во Јужна Африка, го натера селекторот на Германија да смета на Нојер како прв избор. Имено, во ноември 2009-та година на германскиот фудбал му се случи трагедија. Роберт Енке, тогашен голман на Хановер и прв голман на репрезентацијата, изврши самоубиство фрлајќи се под воз. Истрагата подоцна покажала дека тоа го сторил бидејќи извесно време пател од тешка депресија. Нојер од трет, станува втор голман на Германската репрезентација и прва замена за големата германска надеж Рене Адлер кој заработи тешка повреда на ребрата на еден Бундеслигашки меч поради што отпадна од списокот на патници за Јужна Африка.

Така, Нојер во првата сезона во дресот на Баварците го собори рекордот на легендарниот Оливер Кан по бројот на минути без примен гол. Во 2013-та година со Баерн Минхен ја освои Бундеслигата, Лигата на шампионите, Купот на Германија, Суперкупот на Европа и Светското клупско првенство, додека на индивидуален план има освоено повеќе награди како што се најдобар голман во Германија, потоа најдобар фудбалер на својата земја, награда на ФИФА за најдобар голман на светот и сега „Златна ракавица“ за најдобар голман на СП во Бразил.

15.07.2014 - 10:49
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега