ВИДЕО: Германски репрезентативец не се сеќава на финалето - еве зошто

Кристофер Крамен имаше неверојатен ден во неделата откако дебитираше на официјален натпревар за Германија и тоа во финалето на СП.

Имено, поради повредата на Сами Кедира, Крамер доби шанса да настапи во финалето против Аргентина. Сепак, во првото полувреме доби удар од Езекил Гарај, па поради тоа не се сеќава ништо на првото полувреме.

-Не знам ништо за првото полувреме. Помислив дека сум излегол од игра веднаш по судирот. Немам идеја како дојдов до соблекувалната. За мене мечот почна во второто полувреме, вели Крамер.

15.07.2014 - 10:44
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега