Ѓоковиќ и Јелена конечно се огласија - еве како им е во брак
Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ, кој минатата недела на Свети Стефан се венчаше со Јелена Ристиќ, открил дека останал без здив која ја видел својата долгогодишна девојка во венчаница.
-Кога прв пат ја видов во венчаницата како се смее и чекори кон мене, изгледаше како ангел. Се обидов да бидам целосно концентриран на тоа што се случува и да го запамтам секој детал. Бев фокусиран на неа, на нејзината насмевка и на нашето бебе. Тоа беше навистина совршен момент, изјави тој.
Јелена е среќа што нивните соништа станале реалност.
- Вистински благослов е што тој е дел од мојот живот. Не би можела да посакам подобар сопатник од него, изјавила таа
Венчавката се одржа само неколку дека откако Новак по втор пат ја освои најпрестижната награда на светскиот тениски турнир, Вимблдон.
-Чувството да се биде во брак е феноменално. Се оженив со жената која ја сакам и нема подобро чувство од тоа. Го освоив Вимблдон и сега се подготвувам да станам татко. Навистина не можам да барам повеќе, истакнал тенисерот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа