Колку го чинеше Иванов откажаниот Самит?

 

Од Кабинетот на претседателот Иванов информираат дека дополнително ќе се утрдуваат трошоците кои биле направени до денот на откажување на претседателскиот Самит кој викендов требаше да се одржи во Охрид.

-Кабинетот на претседателот на Република Македонија за потребите на организација за 16. Самит на Шефови на држави и влади на земјите учеснички во ПСЈИЕ и 11. Регионален форум на Дијалогот меѓу цивилизациите, коишто требаше да се одржат викендов во Охрид и во Струга, имаше определен и утврден буџет, проектиран за сите потреби за успешно одржување на двата настана. Во согласност со законските регулативи, транспарентно беа спроведени јавни набавки и беа завршени постапките со што беа создадени услови за успешна организација на самитите. По одлуката за откажување на двата настана, Кабинетот на претседателот на Република Македонија, во наредниот период, заедно со доверителите со кои беа склучени договорите за јавни набавки, ќе ги утврди реалните трошоци направени до денот на откажување на настаните и истите ќе ги надомести од предвидените средства за таа намена. Кабинетот на претседателот на Република Македонија им се заблагодарува на ангажманот на сите кои беа вклучени во организацијата на Самитот, соопштуваат од Кабинетот на претседателот Иванов.

 

најчитано сега