Град Скопје ќе го плаќа погребот на социјалните случаи без наследници

Градските власти ќе плаќаат околу 30.000 денари за погребални услуги за корисниците на постојана парична помош без блиски сродници, како и на лица со неутврден идентитет и последно живеалиште.

Според ценовникот на АД „Бутел“, 11.824 денари чини гробно место со бетонски фундамент, а 17.050 денари е погребалната опрема.

Од Град Скопје велат дека станува збор за определена категорија на граѓани, ччија бројка не е поголема од 10 до 15 случаи годишно. Оттаму опоменуваат дека поволностите не важат за останатите категории лица, кои примаат социјална помош а имаат сопружник или наследници кои се должни да го спроведат погребот.

-Во согласност со Законот за гробишта и погребални услуги, каде што се регулира категорија на граѓани приматели на социјална помош кои по нивната смрт немаат брачен другар или друг вид на наследници, трошоците за извршување на погреб, за кој е задолжен управителот паѓаат на товар на општините, општините во Градот Скопје, односно Градот Скопје, образложуваат од Град Скопје.

Од Град СКопје објаснуваат дека ова е прв пат да се утврдува ваков надоместок, па затоа не може да се спореди со претходните цени.

 

15.07.2014 - 09:42
Фото: 
Телеграф
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега