Ќе учат занает: Шуто Оризари ќе добие училиште за фризери и медицински сестри

Општина Шуто Оризари од септември ќе добие средно училиште за стручни и технички услуги, одлучи Град Скопје.

Одлуката на Градот, предвидув основање на средно насочено образование каде најверојатно ќе може да се обучуваат и медицински сестри, градежни и економско-правни техничари, геодети, келнери, фризери и друго.

Изградбата на училиштето е во завршна фаза. Предвидено е да има капацитет за 720 ученици во две смени.

-Средствата за непречено и нормално функционирање, односно за вршење на воспитно-образовната дејност ќе се обезбедат од буџетот на Скопје и буџетот на Македонија преку блок-дотации, од легати, подароци, завештанија, од проекти одобрени од министерот за образование и наука, од камати и дивиденди на пласирани средства, од трговски друштва, јавни претпријатија, установи и органи на државна управа во кои се остварува практична обука на учениците, од продажба на производи и услуги кои се резултат на вршење на основната дејност и други извори, обрзложуваат од Град Скопје.

Во учипиштето ќе се вработат наставници кои веќе се ангажирани во скопските средни училиште. Ќе биде ангажиран и дополнителен кадар, во согласност со утврдените процедури за вработување лица на определено и неопределено.

Според процедурата Град Скопје треба да достави барање за одобрение до Министерството за образование и наука, а потоа МОН ќе изготви и достави информација до Владата за отворање на новото училиште. Доколку Владата се изјасни позитивно за отворање на училиште, Град Скопје ќе поднесе барање за верификација на средното училиште до МОН.

15.07.2014 - 09:29
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега