Собранието ќе ја продолжи 8. седница

Македонското Собрание денеска ќе ја продолжи осмата седница на која ќе расправа за Предлог-законот за прекршоците, во прво читање.

Пратениците ќе расправаат и за предлог-законите за изменување на Законот за субвенционирање на станбен кредит и на Законот за пратениците, и двата по скратена постапка.

На дневен ред на седницата се и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за здравственото осигурување, во прво читање и за Предлог-законот за дополнување на Законот за земање и пресадување на делови од човечкото тело заради лекување, во прво читање.

15.07.2014 - 08:25
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега