Објавен конкурсот за учество на Бела ноќ

Во тек е конкурсот за учество на манифестацијата „Бела нок“, објавен од  ЈУ Младински културен центар, како организатор на манифестација што треба да се оддржи на 5 октомври 2013 година на повеќе локации во централното градско подрачје, информираат од Град Скопје.

Конкурсот трае до 15 јуни, а годинава на „Бела ноќ“  ќе бидат опфатени следните области: визуелни уметности (ликовна уметност, фотографија, инсталција, видео арт, стрип, кибернетичка уметност), применети уметности (архитектура, визуелен/индустриски/ веб дизајн, мода, дигитални креаци), музика, филм, јавна уметност и урбани точки.

Годинава од Буџетот на Град Скопје, за реализција на „Бела ноќ“ на Младински културен центар му се доделени средства во износ од 3.500.000 денари.

Конкурсот може да се најде на интернет адресата  http://www.belanok.mk/ од каде  може и да се преземе апликацијата за учество.

најчитано сега