Џабе ви се парите- еве на што најмногу се палат жените

Повеќето момци кои не можат да добијат некоја девојка, сметаат дека ја интересираат само парите и дека не се доволно добри за некоја, само затоа што немаат доволно пари.

Од друга страна оние кои имаат пари сметаат дека може да ја купат и освојат девојката со тоа што ќе ѝ дадат до знаење колку се богати.

За да се заљуби некоја не ѝ е најважно мажот да биде само убав, згоден и богат. Има многу карактеристики кои девојките ги ставаат пред тоа, а на прво место е мозокот.

Меѓутоа, откако ќе проценат да им се допадне машкото размислување и однесување на ред доаѓаат уште неколку работи кои многу лесно го заробуваат женското срце.

Еве што според женското мислење треба да има совршениот маж.

Начин на облекување

Не е добро да се суди за некој врз основа на тоа што го носи на себе, но на основа на облеката миже да се дознае многу за вкусот и стилот на личноста.

Вкусовите се различни, но сигурно е дека жените не се баш луди по момци во маички на кои пишува некоја досетлива реченица, ниту им се допаѓаат оние кои се облечени во припиени маички на мускулестото тело.

Став

Срамежливите момци кои стојат во ќош немаат голем успех кај девојките, но немаат ниту оние кои се прегласни, или оние што се водачи на цело друштво, па сакаат најмногу да се истакнат и наметнат на местото каде се наоѓаат.

Најдобра е некоја средина меѓу двете крајности, тип со став кој не се труди да биде во центарот на вниманието.

Хигиена

Не е лесно да оцените нечии хигиенски навики на прв поглед. Но, со еден поглед на ноктите, забите и генарлниот изглед отприлика може да знаете со кого имате работа.

Пријатели

Со кого си, таков си важи не само за пријателите, туку и за оние кои нè интересираат на поинаков начин, кога треба да се препознае добро или лошо момче. Ниту најзгодниот тип во светот нема да има многу успех со девојките ако е опкружен со друштво кое на девојката не ѝ се допаѓа.

Извор: Попара

14.07.2014 - 20:21
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега