ВИДЕО: После 10 години го снимил духот кој му го опседнувал пабот
По цели десет години Дејвид Еванс успеал да го сними духот кој му го опседнувал пабот.
Приказната започнала вака...
Откако пред 10 години Дејвид Еванс купил паб во Велс, цело време се соочувал со бела силуета и одлучил, после толку години, да постави безбедносна камера за да обезбеди доказ и да ги убеди луѓето во својата приказна за духот во локалот.
На снимката се гледа белата силуета која лебди во ходникот. Можеби делува како да е од некој филм од научна фантастика, но всушност е снимена со безбедносна камера во британскиот паб во Велс.
49- годишниот сопственик на локалот Ленгли Еванс вели дека ова не е прв пат да се појави силуетата. Имено, уште кога станал сопственик на локалот пред 10 години, тој и неговата сопруга Кристин (48) неколку пати виделе нереални појави, па со приказните за духови ги забавувале своите гости.
Дејвид го обвинува таванот за се`, бидејќи објектот постои од 1830-та година и се смета дека во него се случувале необјасниви работи. Местата на кои се чувствува паранормално присуство најчесто се салата за билијард, од која понекогаш се слушаат звуци како некој да игра, иако просторијата е празна, скалите каде што луѓето имаат чувство дека некој ги следи, како и ходникот во кој била поставена безбедносната камера.
Конечно, после толку години, Еванс има и доказ за своите тврдења. На видео снимката може да се забележи бледа бела силуета која излегува од подот и лета кон плафонот. Дејвид смета дека дошол моментот кога со неговиот „потстанар“ можат да се позанимаваат и експертски лица и да му објаснат за каква паранормална појава станува збор.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа