Марадона: Не е фер Меси да добие награда што не ја заслужил
Диего Марадона целото Светско првенство го коментираше за телевизиската програма De Zurda од Венецуела.
На сииноќешниот финален натпревар Германија славеше во финалето против Аргентина со голот на Марио Гетце во 113-та минута и ја освои својата четврта шампионска титула.
„Жал ми е за мојата земја. Голот на Гетце навистина боли. Голема тага има во моето срце после поразот од финалето. Кога се' ќе се собере, мислам дека Аргентина заслужи барем пенали. Германија победи поради недоразбирањето на аргентинската одбрана“, изјави Марадона.
Марадона не пропушти да ја коментира наградата за најдобар играч на Светското првенство која му беше доделена на Лионел Меси.
„Меси? Не е чесно да ја добие наградата што не ја заслужи само поради некој маркетиншки план“, додаде Марадона за играчот кој со четири гола ја предводеше репрезентацијата на Аргентина, но не постигна ниту еден гол во нокаут-фазата, таму каде што беше најпотребно.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа