Никна ново повеќенаменско детско игралиште во Делчево

Ново повеќенаменско детско игралиште денеска беше пуштено во употреба во населбата Стрелиште, дел од урбаната заедница Први реон на Делчево.

Корисната површина на новоизграденото детско игралиште изнесува 940 метри квадратни. Опремено е со  спортски реквизите и клупи за седење и друга урбана опрема, а наскоро ќе бидат поставени и канделабри за осветлување.

Новото детско игралиште во употреба го предаде градоначалникот Дарко Шехтански, а финансиските средства се обезбедени од општинскиот буџет.

- Изградбата на овој објект е дел од мојата и програмата за работа на Советот на општината. Вакви и слични објекти  до крајот на годината ќе бидат изградени уште во неколку урбани и рурални заедници на подрачјето на општина Делчево, истакна градоначалникот Дарко Шехтански.

Изведувач на градежните и занаетчиските работи на ова детско игралиште е Јавното претпријатие за комунални дејности „Брегалница“ од Делчево. 

14.07.2014 - 16:29
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега