ФОТО: Родила син три години по смртта на неговиот татко

 

Родила син по три години од смртта на нејзиниот сопруг. Мишел Кларк го изгубила нејзиниот сопруг Карл додека била трудна со близнаци. За жал, тоа не била единствената несреќа со која се соочила. Близначињата ги родила пред време и тие не успеале да преживеат. Но, бидејќи Карл дозволил неговата сперма да може да се користи и после неговата смрт, Мишел во тајност го искористила тоа и по пат на вештачко оплодување го добила синот Макс. Изненадувачки, Макс се родил точно три години по смртта на неговиот татко, на истиот ден.

- Карл и јас толку многу сакавме да имаме деца. Сега се чувствувам како и тој и близнаците да живеат преку Макс. Раѓањето на Макс беше неверојатно емотивен момент. Колку би сакала Карл да можеше да го запознае неговиот син, кој секој ден сè повеќе наликува на него. Срцето ми се раскинува кога ќе помислам дека можевме да бидеме прекрасно и пресреќно семејство, 

14.07.2014 - 16:05
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега