Гостиварскиот херој Мустафи по освеоениот мундијалски трон направи „селфи“ со Меркел
Шкодран Мустафи успеа да направи „селфи“ со Ангела Меркел, и да и им ги исплни срцата со радост на неговите сожители од Гостивар, бидејќи токму од таму и потекнува славниот германски репрезентативец кој вчера заедно со „панцерите“ успеа да го освои светскиот фудбалски трон.
Веднаш по постирањето на фотката, се појавија десетици илјади коментари, меѓу кои и познати личности од политиката, уметноста и спортот но и огромен број на обични Албанци од Македонија.
Шкордан е роден во Германија, но од страна на татко му потекнува од гостиварското село Срмново. Целото негово семејство во целото село го прославија успехот на човекот кој со своите соиграчи од репрезентацијата успеа да направи вистински подвиг и да го крене светскиот пехар, и со златни букви да се запише во историјата на германскиот фудбал.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа