Херој: Поштар спречи жена да изврши самоубиство

Германски поштар стана вистински херој откако спаси жена од самоубиство.

Тој преминувал улица, сретнал пријател и застанал да поразговара со него, кога во еден момент слушнал врисок и здогледал жена како стои на тераса спремна да скокне. Не размислувал ни момент туку веднаш се стрчал во зградата за да ја спаси. 

Поштарот Луис се обидел да ја смири жената која низ солзи му рекла дека нема веќе сила да продолжи. Таа скокнала но за среќа поштарот успеал да ја фати со рацете и да спречи да се случи трагедија.

- Сега сите ме застануваат, ми пружаат рака, ми велат ти си херој...мене тоа ми е чудно, го направив она што би го направил секој хуман човек, вели Луис.

најчитано сега