ФОТО: Уловен алигатор во Бечичи

Во водите кај Бечичи се појави алигатор. За среќа, алигаторот е уловен од страна на припадници на Дирекцијата за заштита и спасување во Будва.

Рептилот е долг околу 80 сантиметри, пренесува РТС, а како што изјавиле од Дирекцијата за заштита и спасување не било лесно да го уловат, бидејќи постојано им бегал.

Како што пренесуваат црногордките медиуми, најверојатно се работи за домашно милениче кое избегало или било исфрлено.

Алигаторот моментално е сместен во Зоолошката градина во етно-село „Крапина“.

14.07.2014 - 11:49
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега