Победата на Германија му донесе 105.000 евра!
Еден обложувач од Англија направил таков тикет што триумфот на Германија во Мундијалот му донесе речиси 105.000 евра.
Една од локалните обложувалници објави дека на вложени 100 фунти, засега неименуван играч ја заработил неверојатната сума, така што уште на почетокот на сезоната 2013/2014 се обложил дека:
-Манчестер Сити ќе ја освои Премиер лигата
-Квинс Парк Ренџерс ќе влезе во Премиер лигата
-Вулвси да ја освојат „Лигата 1“
-Реал Мадрид да освои Лига на шампиони и
...Германија да биде светски првак.
Така, тој си заработил 105.000 евра.
14.07.2014 - 11:12
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа