Прилепчани се испотепале за паркинг место
35-годишниот И.М и 48-годишниот М.Ш од Прилеп заработија кривична поради тепачка.
Тие на улицата „Марксова“ во Прилеп започнале тепачка поради паркирање на такси возило управувано од И.М, пред гаражата на М.Ш.
Најпрво настанала вербална расправија, а веднаш потоа преминала и во физичка пресметка.
М.Ш завршил со тешка телесна повреда во пределот на десната нога.