Два земјотреса ја стресоа Македонија

 

Два земјотреса за нецел час вчера ги вознемирија граѓаните во југозападниот дел на Македонија. Првиот потрес беше во 13,18 часот, а вториот 13,55. 

Апаратите на Сеизмолошката опсерваторија при Природноматематичкиот факултет со телеметриската сеизмолошка мрежа со станици во Скопје, Штип, Валандово, Битола, Охрид и Крушево вчера во 13,18 часот регистрираа земјотрес со епицентар на околу 160 километри јужно од Скопје, на територијата на соседна Грција. Потресот имаше јачина во епицентарот 4,1 степени според Рихтеровата скала. Земјотресот беше почувствуван во Битола, Ресен и Охрид со интензитет од три до четири степени според Европската макросеизмичка скала –1998. 

Вториот земјотрес беше со јачина во епицентарот од 3,2 степени според Рихтер и со епицентар на 22 километра југозападно од Битола и на 15 километри југоисточно од Крани. Првиот потрес предизвика мала паника кај битолчани кои за момент ги напуштија своите домови. 

14.07.2014 - 09:28
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега