ФОТО: „Жал ни е што важиот сопруг починал“ - наместо сметка добила порака која ја расплакала
Наместо сметка добила порака од која се расплакала. Една жена од сојузната држава Мисури цел живот својата годишнина од бракот ја прославувала со својот сопруг во ресторанот "Misuri red lobster”, дури 31-година по ред, се додека нејзиниот сопруг не починал од рак.
Иако нејзиниот сопруг починал во март годинава, таа одлучила да не ја прекинува традицијата, па и оваа година решила да отиде на вечера во ресторанот, но со нејзината ќерка.
Целата приказна ја раскажала и на келенрот кој ги служел во ресторанот. Кога дошло време да плати наместо сметка таа добила неочекувана порака..
- Жал ни е што вашиот сопруг починал, но ние ја цениме вашата лојалност и тоа што 31.година поминавте со нас, и дури ни на крај не се откажавте од тоа. Во знак на благодарност, куќата чести!
Се надеваме и би сакале и наредната годишнина да ја прославите со нас!
Искрено,
“Red lobster” и вашиот келнер Тејлор.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа