ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се дволични кон студентите - тие не направија ништо за нив

СДСМ покажува дрзок, лицемерен и дволичен однос кон јавноста и студентите, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на СДСМ.

Во време кога тие беа на власт, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ, не спроведоа ниту еден проект во корист на студентите, на нивниот стандард и во корист на подобрување на високото образование во Република Македонија

- Во време на СДСМ партиципациите на факултетите беа двојно, тројно и повеќе пати поголеми од оние денес, не се отвори ниту еден факултет ниту дисперзирани студии заради доближување на високото образнование во различни градови. Можност да студираат имаа само одредена тесна група на граѓани, се учеше од скрипти и книги на странски јазици, а стипендирањето беше сведено на минимум, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. 

За разлика од времето на СДСМ, реагираат од партијата, ВМРО-ДПМНЕ спроведува голем број проекти и реформи во образованието со кои се подобрува студирањето и животот на студентите.

13.07.2014 - 15:33
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега