Љубовна драма во Крива Паланка - кривопаланчанец три пати ја претепал девојка си

 

Крива Паланка поднесе кривична пријава против 35-годишниот Б.С кој ја нападнал 33-годишната Н.В. со која бил во вонбрачна заедница.

Двајцата со патничко моторно возило се упатиле кон селото Ранковце каде започнале расправија околу нивната врска. Б.С подивел и ја нападнал својата девојка при што и нанел неколку удари по телото.

Сепак, ова не бил крајот бидејќи бесниот кривопаланчанец  по ова во два наврати во неговиот стан повторно физички ја нападнал својата девојка.