Новиот шеф на бугарската дипломатија се фаќа за работа - Македонија негов прв приоритет
Новиот шеф на бугарската дипломатија, Кристијан Вигенин најави дека односите со Македонија ќе бидат прв приоритет во неговата работа.
Вигенин во интервју за бугарската телевизија „Нова“ вели дека Софија не е единствен проблем на Македонија во последните месеци, објаснувајќи дека државата се соочува и со проблематични внатрешни процеси.
Според него, бугарско-македонските односи не можат да се сведат само на договорот за добрососедство што двете држави треба да го потпишат.
- Треба да ги прошириме политичките и економски контакти. Тоа ќе помогне да се отстранат дел од проблемите, кои не се толку сложени, а со тоа ќе им се одземе и можноста на екстремистите од двете страни да го влошуваат тонот во билатералните односи, истакнува Вигенин.