На Езел му се закануваат 17 години затвор

 

Обвинението за поседување, но и дистрибуирање на дрога против Кенан Имирзалиоглу (40) и уште 20 лица приведени во минатогодишната рација на турската полиција, конечно е официјализирано.

Иако уште од почеткот на скандалот, невиден во турскиот шоу бизнис, се веруваше дека јунакот на сериите “Езел“ и “Карадај“ поради своето име и славата ќе се извлече  од процесот, но изгледа дека не е така.

Според правниците доколку се утврди дека е виновен, на Кенан му се заканува затворска казна од шест до максимални 17 години.

13.07.2014 - 10:20
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега