Тетовчани киднапирале и претепале пар од Велес
Тетовчаните Д.Д(24), С.Х(34) и Љ.Х(33) ќе одговараат за „грабнување“, откако ноќта во петокот ги грабнале и малтретирале велешанката И.Ц. и нејзиното момче Џ.З.
Ноќта во петокот околу 2 часот, движејќи се автомобил „голф“ , тројцата насилници ја сретнале И.Ц(31) од Велес и насилно ја внеле во возилото. Откако почнале да ја малтретираат велешанката, тетовчаните “налетале“ и нејзиниот невенчан сопруг Џ.З(39) и насилно го внеле во автомобилот. Пред да ги ослободат, тетовчаните физички ги малтретирале и И.Ц. и нејзиното момче.
Од МВР не соопштуваат која е причината за грабнувањето и малтретирањето на велешанката и нејзиниот невенчан сопруг.