Цунами ја погоди Јапонија

 

Силен земјотрес со интензитет од 6,8 степени според Рихтер и помало цунами го погодија утрово североисточниот дел на Јапонија, регион што во март 2011 го разори земјотрес и катастрофално цунами.

Три лица се повредени во префектурата Фукушима, а 26.000 жители во крајбрежните области во префектурите Ивата и Мијаги добија совет да се евакуираат по издавањето предупредување за цунами.

Компаниите за снабдување со електрична енергија и локални претставници рекоа дека нема извештаи за нови проблеми во нуклерните централи во областа, вклучувајќи ја и Фукушима Даичи, која е тешко оштетена од катастрофата пред три години.

Земјотресот е регистриран утрово во 4.22 по локално време, околу 140 км. источно од брегот на префектурата Фукушима и околу десет километри под површината на океанот, соопшти Јапонската метеоролошка служба.

Предупредувањето за цунами е повлечено во 6.15, а укинати се и советите за евакуација.

Во катастрофалниот земјотрес што ја погоди областа во 2011 загинаа над 18.000 лица.

12.07.2014 - 13:37
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега