Возачот заспал над воланот- едно лице загина а осумина се повредени

Едно лице загина а осумина се повредени во страотна сообраќајна несреќа која се случила синоќа во близина на Краљево.

 

До несреќата дошло кога комбе со германски регистерски таблички, управувано од 41-годишниот А.Т. во кое се наоѓале осум патници, излетало од патот, а се претпоставува дека возачот заспал и изгубил рамнотежа над возилото.

 

Четириесет и четири годишнот Х.С. загинал на лице место, додека возачот и останатите патници се здобиле со тешки телесни повреди и се префрлени во Здравствениот центар „Студеница“ во Краљево.

 

Меѓу патниците имало две постари малолетни деца и четири помали дечиња.

12.07.2014 - 11:48
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега