100.000 Аргентинци пристигнаа во Рио за големото финале

 

Со зголемени мерки на безбедност бразилската полиција го пречекува неделното финале на Светското првенство меѓу Аргентина и Германија што ќе се игра на стадионот „Маракана“ во Рио де Женеиро.

Се очекува бројка од околу 100.000 Аргентинци во Рио де Женеиро, а околу 26.000 полицајци ќе бидат ангажирани. Притоа бразилските медиуми наведуваат дека и 10.000 припадници на воената полиција ќе бидат во функција. Бразилските безбедносни органи особено внимание посветуваат на аргентинските хулигани, а на некои од нив им беше забранет влез во Бразил.

 

 

На финалето се очекува да присуствуваат меѓу 10 и 15 државници, меѓу нив германската канцеларка Ангела Меркел, рускиот претседател Владимир Путин, додека присуството на претседателката на Аргентина Кристина Киршнер не е потврдено.

12.07.2014 - 10:22
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега