Момчето на ѕвездата на серијата „Glee“ пронајдено мртво
Мет Бендик, момчето на актерката Бек Тобин, која во серијата „Glee“ ја толкува Кити Вајлд, синоќа е пронајдено мртово во хотел во Филаделфија.
Бендек бил на службен пат во Филаделфија, каде го придружувала и Тобин, но засега е непознато каде се наоѓала таа во моментот кога една од хотелските собарки го пронашла неговото безживтно тело.
Бизнисменот Бендек (35) и 28-годишната актерка, според пишувањето на ТМЗ, претходната вечер биле излезени со пријатели по што се вратиле во хотелот.
Засега нема никакви инфромации за причините за смртта на Бендек, кој поседуваше неколку клубови во САД.
11.07.2014 - 14:46
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа