Оди на подобро: Шумахер се опоравува
Сопругата на Михаел Шумахер изјави дека нејзиниот сопруг, иако бавно, сепак се опоравува. Корина која пред неколку дена за прв пат се појави насмеана во јавноста по страотната несреќа во која се повреди нејзиниот сакан, вели дека полека, но сигурно се опоравува.
-Тој е подобро, полека но сигурно, во секој случај тој се опоравува, изјави Корина Шумахер, сопруга на Михаел.
За потсетување, седумкратниот шампион во Формула 1се повреди за време на скијањето на француските Алпи и со месеци беше во вештачка кома.
11.07.2014 - 14:38
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа