ФОТО: Ова е началникот Мицев кој загина во хеликоптерската несреќа - омилениот пилот на сите во МВР

45 годишниот Драги Мицев е пилотот кој вчера загина во трагичната хеликоптерска несреќа во Струмица. 

Мицев, роден 1969 година во Струмица беше началник – пилот на хелихоптерската единица со работен стаж од 34 години, информираше денеска МВР, оценувајќи дека тој бил еден од омилените пилоти.

Во несреќата загинаа и Марјан Трајковиќ роден 1967 година во Куманово, пилот – капетан со работен стаж од 37 години, Тоде Орешков роден 1970 година во Рожден – Кавадарци, воздухопловен инспектор за лиценцирање на воздухопловен персонал – пилот со работен стаж од 36 години и Иљо Лопатичкироден 1968 година во Битола, командир – пилот со работен стаж од 36 години.

Како што денеска соопшти МВР, хеликоптерот е произведен 2008 година и имал опрема за ноќно летање. Пилотите вчера биле на ноќно летање на релација Скопје-Кавадарци-Валандово-Струмица-Берово-Делчево и обратно.  Околу 22 часот, рече Јанкулоска, хеликоптерот МИ17 удрил во антенски столб на македонската радиодифузија. Пилотите, информира министерката, не пријавиле проблем во текот на летот. Подигнати се две црни кутии кои ќе ги прегледа производителот.

Јануловска со солзи во очите рече дека Драги, Марјан, Тоде и Иљо беиле врвот на хеликоптерската единица и најдобриот персонал на МВР. Таа ги опиша како искусни, истакнувајќи дека имале  безброј часови лет  во различни услови и во различни акции.

11.07.2014 - 14:06
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега