ФОТО: Ова е пилотот Трајковиќ кој вчера загина во несреќата кај Струмица

47 годишниот Марјан Трајковиќ од Куманово е еден од припадниците на граничната полиција кои синоќа загинаа во страотна хеликоптерска несреќа.

Трајковиќ е роден 1967 година во Куманово, пилот – капетан со работен стаж од 37 години. Трајковиќ загина вчера вечер околу 22 часот, кога полицискиот хеликоптер кој летал на релација Скопје-Кавадарци-Валандово-Струмица-Берово-Делчево и обратно, удрил во антенски столб на Македонската радио телевизија и се срушил во Индустриската зона во Струмица. Во несреќата загина целиот екипаж.

Според Министерството за внатрешни работи, Марјан и неговите колеги биле дел од бројни мисии, меѓу кои и спасувачките мисии во поплавените подрачја на Србија и Босна и Херцеговина.

фотографиите од Трајковиќ ги објави kumanovskimuabeti.mk

 

11.07.2014 - 13:13
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега