Приведени двајца рибари од Охрид

Двајца охриѓани биле затекната како ловат риба. Според податоците од полицијата синоќа во пет часот по полноќ затекнати биле 52-годишниот З.В. и 32-годишниот С.Р. од Пештани, кои со помош на чамец ловеле риби од езерото.

Со потврда за привремено одземени предмети, уловот бил одземен, а лицата се приведени.

11.07.2014 - 12:24
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега