Чаир се подготвува за протестите - дуќаните под клуч

Скопје се подготвува за најавените протести за „Монструм". Полицајци од цела Македонија утрово пристигнаа во главниот град и се на готовс да се справат со најавените протести.

Поголем број дуќанџии во населбата Чаир утрово најавија дека ќе ги затворат продавниците. Исто така, протестите го пореметија и работното време на Поштата, бидејќи наместо до 20 часот, поради најавените протести, ќе биде отворена до 14 часот. На улиците не поминува ниту еден автобус.

Во Чаир веќе една недела нема ниту еден контејнер откако минатиот петок насилните демонстранти ги палеа и демолираа.

 

11.07.2014 - 11:58
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега