Јанкулоска во солзи: Ни загинаа најдобрите кадри

Mинистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска во солзи ги соопшти деталите од синоќешната хеликоптерска несреќа.

- Загубивме четворица колеги кои знаеа и пружаа се за државата, останавме без најискусните и најдобри колеги, рече Јанкулоска. 

Станува звор за Драги Мицев (1979) од Струмица, Марјан Трајковиќ (1967) од Куманово, Тодор Орешков (1970) од Кавадарци, Иљо Лопатички (1968) од Битола кои, како што соопшти Јанкулоска имале над 30 години искуство како пилоти.

Како што денеска соопшти МВР, хеликоптерот е произведен 2008 година и имал опрема за ноќно летање. Пилотите вчера биле на ноќно летање на релација Скопје-Кавадарци-Валандово-Струмица-Берово-Делчево и обратно.  Околу 22 часот, рече Јанкулоска, хеликоптерот МИ17 удрил во антенски столб на македонската радиодифузија. Пилотите, информира министерката, не пријавиле проблем во текот на летот. Подигнати се две црни кутии кои ќе ги прегледа производителот.

Јануловска со солзи во очите рече дека Драги, Марјан, Тоде и Иљо беиле врвот на хеликоптерската единица и најдобриот персонал на МВР. Таа ги опиша како искусни, истакнувајќи дека имале  безброј часови лет  во различни услови и во различни акции.

 

11.07.2014 - 11:29
Фото: 
Проверено.мк
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега